Во Кривичен завршни зборови за предметот „Тенк“

Макфакс

17/05/2018

10:53

1.547

Големина на фонт

а а а

Во Кривичниот суд денеска се очекуваат завршни зборови во случајот „Тенк“, во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Се очекува донесување пресуда, која ќе биде прва пресуда за Груевски од 5 обвиненија кои му ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Случајот се однесува на спорниот начин на набавка на скапо возило – Мерцедес. На последното рочиште, судијката Добрила Кацарска им порача на адвокатите да подготват завршни зборови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг