Започна средбата на Заев и Ципрас во Софија

Макфакс

17/05/2018

10:50

1.798

Големина на фонт

а а а

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во моментов во Софија разговараат за клучните прашања во македонско-грчкиот спор за името.

Дијалогот се одвива околу продолжување на процесот, како и обидите за приближување на позициите во однос на спорните прашања, меѓу кои опсегот на употребата и измените на македонскиот Устав.

Средбата меѓу двајцата премиери изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името.



Спонзорирани линкови

Маркетинг