Заев и Меј на тет-а-тет средба во Влада

Макфакс

17/05/2018

09:28

1.224

Големина на фонт

а а а

Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Церемонијата за добредојде на британската делегација, ќе се одвива на платото пред Владата, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

По средбите, претседателите на Владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Во рамки на овој настан, во 14.30 часот е предвиден брифинг со сите претставници на медиумите и портпаролите на Владата, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг