Ердоган: Не го признаваме Ерусалим за главен град на Израел

Макфакс

16/05/2018

15:30

857

Големина на фонт

а а а

Турција никогаш нема да ја прифати одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Никогаш нема да ја прифатиме одлуката на САД да отвори своја амбасада во Ерусалим и да го признае како главен град на Израел,“ изјави Ердоган за време на заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј.

Ердоган додаде дека владата на САД води „индиферентна политика“ со која го охрабрува Израел да врши насилство и окупација во Палестина.

„Израел ги презеде овие чекор според логиката ‘Имам моќ – имам право,’“ рече турскиот претседател, и додаде дека “Израел е вистинскиот окупатор во регионот и дека продолжува да ги тероризира палестинците.“

Ердоган ја повика меѓународната заедница и Обединетите Нации да „преземат мерки без губење време и да го сопрат ова угнетување.“

Турскиот претседател го потсети Генералното Собрание на ОН дека 128 земји гласаа „против“ на предлогот на САД да се признае Ерусалим како главен град на Израел.

„Историјата нема да ви прости, во ова сите ќе се увериме; историјата нема да му прости ниту на Израел, а и во тоа ќе се уверите,“ изјави Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг