МВР бара 27 милиони денари отштета од екс-помошник министерот Поповски

Макфакс

16/05/2018

12:28

839

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд во Скопје денеска беа искажани завршните зборови во предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранашен помошник министер во МВР за набавка на триста полициски возила. СЈО побара осудителна пресуда и штета од над 27 милиони денари и судски трошоци.

Обвинетиот Ѓоко Поповски се изјасни дека не е виновен и дека очекува одбивателна и ослободителна пресуда.

Поповски е обвинет од страна на СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра. Првото рочиште почна лани во ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг