Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата во Охрид

Макфакс

16/05/2018

10:56

1.088

Големина на фонт

а а а

Во организација на фондацијата „Бугарска меморија” во Софија се одржува протест против одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква да не присуствува во Охрид на одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија.

„За нас ова е антидржавна активност. Протестот е израз на една граѓанска позиција и горчина од антидржавната активност, предводена од Светиот синод“, велат организаторите. Тие бараат патријархот да свика вонредна седница на Светиот синод за да ја разгледа одлуката од 14 мај.

Претставници на фондацијата велат дека на двајца бугарски архиепископи дури им било забрането да присуствуваат на прославата. Според нив, „скандалозното гласање“ било во отсуство на патријархот Неофит, што ги компромитира напорите на Бугарија за мир и напредок во регионот. Организаротите велат дека на 24 мај очекуваат заедничко чествување во Рим на гробот на Св. Кирил, во присуство на премиерите на двете земји.

На 14 мај 8 архиереи го поддржаа предлогот БПЦ да не праќа делегација во Македонија за прославата на 1.000 години Охридска архиепископија. Јубилејната годишнина ќе биде одбележана на 27 и 28 мај во Охрид.

БПЦ информира дека 1.000-годишнината од основањето на Бугарската охридска архиепископија ќе биде одбележана на 10 јуни со отслужување на архиерејска света литургија во катедралата „Св. Александар Невски”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг