ВМРО-ДПМНЕ: Долговите растат, градежништвото е во пад

Макфакс

16/05/2018

10:19

772

Големина на фонт

а а а

Македонија под водство на СДСМ забрзано оди кон банкрот, предупредува ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ги економските политики.

„Министерството за финансии вчера се задолжи за над 16 милиони евра, тоа е второ задолжување во текот на месец мај, откако минатата недела власта позајми 9 милиони евра. Неоснованото задолжување, допринесе јавниот долг да надмине 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди. Само во првите три месеци од годината ново генерираниот долг изнесува над 300 милиони евра, а при тоа нема ниту една капитална инвестиција, а економијата е во тоне. Градежништвото, еден од носечките столбови на економијата е во пад. Бројот на издадени градежни дозволи е за 45 проценти помал, а истовремено нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година е само 7.4 проценти, што е јасен показател дека економијата тоне“, се вели во соопштението на опозицијата.

Понатаму се додава дека економските услови се се полоши, покачувањето на акцизата на нафтените деривати е дестимулативно за економијата, исто како и најавеното покачување на данокот на доход.



Спонзорирани линкови

Маркетинг