Меси: Му кажав на Нејмар што мислам за неговиот трансфер во Реал

Дерби

16/05/2018

09:54

1.337

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси во опширниот разговор со углдната аргентинска телевизија „Тик Спортс“ даде една исклучително интересна изјава поврзана за Реал Мадрид, но исто така, искоментира и една од најголемите шпекулации кои кружат во последно време, а која исто така е поврзана за најлутиот ривал на Барселона.

Првата ѕвезда на каталонскиот гигант е познат по тоа што има крајно блиска и пријателска врска со Нејмар, фудбалерот за кого многумина предвидуваат дека во брз временски интервал ќе го напушти ПСЖ за да го засили Реал Мадрид. Таквото сценарио е тема за коментар од различни фудбалски ѕвезди и фудбалски аналитичари, а сега му дојде редот и на Меси кој откри дека веќе разговарал со Бразилецот за ова.

– Нејмар во Реал Мадрид? Тоа ќе биде ужасно, ќе биде ужасно поради значењето кое Нејмар го имаше во Барселона. Тука освои многу важни титули. Ја освои Лигата на шампионите, титули во Примера и ако се случи тоа, ќе биде многу тежок удар за сите нас. Дали би бил нов случај Фиго? Ќе биде многу тежок удар, ќе го направи Реал Мадрид многу подобар тим на фудбалски план. Разговарав со него и му кажав што мислам, – порачува Меси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг