Невил: Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампиони, ќе ја напуштам…

Дерби

16/05/2018

09:51

1.007

Големина на фонт

а а а

Оваа вечер на програмата е големото финале во Лига Европа меѓу Атлетико Мадрид и Марсеј, а откако ќе се одигра истото, не делат уште само десет дена до најголемото случување пред мундијалот во Русија, финалето во Лигата на шампионите.

На фамозниот меч во Киев силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Ливерпул, дуел кој секако уште отсега предизвикува многу реакции во светската спортска јавност, секако пред се во Шпанија и Англија. Најголем дел од фудбалските експерти на Островот му посакаа среќа на Ливерпул како претставник на Англија, но таков не е случајот и со Гери Невил кој се плаши од најлошо сценарио, односно од победа на „црвените“ во финалето и пораз на Манчестер Јунајтед во финалето на ФА купот.

– Имам резервирано чартер за 27 мај. Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, ќе ја напуштам земјата на одреден период. Ќе има милиони летови од Манчестер до зоните каде што нема ви-фи. Тоа ќе биде пеколна сезона за нас, – со насмевка на лицето истакнал Невил во интеврјуто за „Дејли Меил“, додавајќи дека со цело срце навива за Кристијано Роналдо и Реал Мадрид.

– Мора да се надеваме дека Јунајтед ќе го освои ФА купот и дека нашиот пријател Кристијано ќе се појави и ќе постигне убав хет-трик. Ливерпул направи брилијантна работа што се пласираше во финалето во Лигата на шампионите, но едноставно не сакам да го освојат, – искрено заклучува легендата на Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг