Храбра одлука на Саутгејт: После Харт, отпишан уште еден фудбалер...

Точка

16/05/2018

09:08

1.097

Големина на фонт

а а а

Герет Саутгејт, според англиските медиуми, има голема храброст додека го составува списокот со фудбалери кои што ќе патуваат на Светското првенство во Русија.

Откако англиските медиуми соопштија дека од списокот е избришан Џо Харт, сега "Sky Sports" пренесува дека во Русија нема да патува ниту Џек Вилшир.

Иако Вилшир оваа сезона во Арсенал успеа да се врати во форма после враќањето од позајмицата во Борнмаут, сепак тоа не му помогна Саутгејт да го повика за настап во дресот на „Гордиот Албион“ во Русија.

Тој во штотуку завршената сезона одигра 40 натпревари, постигна два погодоци и додаде уште седум асистенции. Сепак, Саутгејт одлучи предност да им даде на Џордан Хендерсон, Џејмс Милнер, Ерик Дајер и Деле Али.



Спонзорирани линкови

Маркетинг