Нејмар се враќа против Хрватска на „Енфилд“

Макфакс

15/05/2018

13:51

587

Големина на фонт

а а а

Капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар, првиот меч по рехабилитацијата од повредата, најверојатно, ќе го одигра на 3 јуни кога „кариоките“ ќе одиграат контролен натпревар против Хрватска.

Напаѓачот на ПСЖ во февруари доби фрактура на метатарзалната коска во стапалото поради што мораше да биде опериран.

Лекарот на бразилската репрезентација истакнал дека рехабилитацијата се одвива според предвиденото и дека тој од наредната недела ќе започне со тренинзи.

„Направивме нови тестови и можам да кажам дека сè оди според планот. Наредната недела ќе биде подготвен да тренира со екипата. Најпрвин ќе започне да работи со топка“, рекол лекарот Родриго Лесмар.

Бразил на Светското првенство во Русија, во првата фаза, ќе игра против Швајцарија, Костарика и Србија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг