Путин го отвора мостот кој го поврзува Крим со Русија

Точка

15/05/2018

11:43

6.534

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин го отвора оријашкиот мост, кој ќе го поврзува Крим со Русија и ќе ја намали изолираноста на полуостровот кој Москва го анектирала во 2014. година.

Кримскиот мост, долг 19 километри, оди преку Керчкиот премин кој Азовското море го раздвојува од Црното и го поврзува полуостровот Керч на Крим со Таманскиот полуостров на југот на Русија. 

Мост со четири ленти

Владимир Путин ќе го пушти во сообраќај патниот дел на мостот со четири ленти, покрај кој подоцна ќе се изгради и железнички дел со две пруги.

Изградбата на мостот која почнала во февруари 2016. година, руската држава ја доверила на компанијата на милијардерот Аркадија Ротенберг, кој е џудо партнер на Путин.

Според уредбата објавена на веб страната на владата, Стројгазмонтаж требало да го заврши мостот до декември 2018., по цена која не смеела да биде поголема од 2,9 милијарди евра.

Но, неколку дена пред да победи на изборите, Путин побарал мостот да биде готов веќе во мај, за луѓето да можат да го користат во текот на летото.

Туристичка дестинација

Крим е популарна туристичка дестинација меѓу Русите, и руските туристи се еден од главните извори на приходи на тој полуостров познат по плажите и планините кои се рушат во Црното море.

Мостот ќе биде отворен за автомобили и автобуси од 16. мај, соопштил Кремљ. Возовите ќе почнат со сообраќај од крајот на 2019. година

Висината на мостот на главното пристаниште е 35 метри, а најголема дозволена брзина е 120 km/h во поволни временски услови, објавила руската новинска агенција "RIA Novosti".

Кримскиот мост треба да ја намали економската изолираност на Крим, кој Русија во 2014. година го присоединила кон својата територија по интервенцијата на руските специјални сили и референдумот за анексија, кој Киев и Запад го оцениле како незаконски.

Со изградбата на Кримскиот мост е нарушена територијалната целовитост на Украина, оценил Судот за правда на Европската унија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг