Заев на средби со Ципрас, Макрон, Меркел и Руте во Софија

Макфакс

15/05/2018

09:46

1.140

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Софија, Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет.

Заев, во придружба на вицепремирот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот. Премиерот ќе учествува и во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Conectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите и на држави, со највисоките претставници на телата на Европската Унија, ќе има свое обраќање на тема „Заедничко справување со заканите“. 

За време на Самитот, како што информира владината прес-служба, Заев ќе има билатерални средби со претседателот на Франција Емануел Макрон, со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија Марк Руте. 

Во агендата на премиерот Заев се испланирани и билатералните средби со премиерите на Австрија, Шведска и Естонија, Себастијан Курц, Стефан Лофвен и Јури Ратас. Предвидена е и средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

На 16 мај, Заев ќе се обрати на конференцијата „Демократија што испорачува: Десет години после откочувањето на потенцијалите на Западен Балкан“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, и на тинк-тенк организациите Центар за демократски студии (Center for the Study of Democracy и Балканскиот европски Фонд (The European Fund for the Balkans), како и на Самитот на лидери и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти (PES). 

За време на престојот на премиерот Заев во Софија е организирана и средба со Кристалина Георгиева, извршна директорка на Светска Банка. Исто така, Заев заедно со вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на 18 мај ќе учествува и ќе има свое обраќање на Виенскиот економски форум кој ќе се одржи на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг