Поповска: Промената на Уставот е неприфатливо барање во преговорите за името

Макфакс

15/05/2018

09:46

1.393

Големина на фонт

а а а

Претседателката на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска, смета дека промената на Уставот е неприфатливо барање во преговорите за името кои се водат меѓу македонската и грчката дипломатија.

„За мене, промената на Уставот е неприфатливо барање кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување. Немам изворни информации, освен од грчките медиуми. Но не им верувам, зашто македонските преговарачи повеќе пати јасно кажаа дека барањето за промена на Уставот е неприфатливо и дека погрешно се употребува терминот ‘ерга омнес’. Тој во меѓународното право важи за меѓународен промет. А за тоа всушност и се водат преговорите. Не може само за Македонија ‘ексклузивно’ да се толкува терминот ерга омнес, спротивно на меѓународното право“, смета Поповска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг