Мајсториите на Барди ги регистрираше и шпански „АС”: Овој фудбалер како да има далечинско во ногата

Макфакс

14/05/2018

14:44

1.716

Големина на фонт

а а а

Леванте и Барселона понудија меч за паметење на „Сиутат де Валенсија“, бидејќи од една страна домаќините прекинаа една негативна традиција која траеше речиси шест децении, а од друга пак, гостите од Каталонија го претрпеа првиот пораз во сезоната во 37-то коло во Примера.

Македонскиот репрезентативец промаши зицер во првото полувреме, но на стартот на вториот си ја поправи грешката со маестрален удар со кој му донесе водство од 3:1 на својот тим. Набрзо после ова, водството на 4:1 го зголеми Боатенг кој комплетираше хет-трик во досегашниот тек на мечот, а во продолжение Барди со својот втор гол тотално ја нокаутираше одбраната на Барселона.

На овие мајстории кој ги прикажа македонскиот репрезентативец Барди не остана имун ниту шпански „АС“, кој го пофали Барди за умешнсота.

– Ова е нешто невидено. Ваков шут со прецизност до маестралност е реткост. Овој фудбалер како да поседува далечинско во ногата. Кога ќе ги видите головите од слободен удар, можете да заклучите дека се дело на маестралност и неверојатност, – напиша ,,АС’’.



Спонзорирани линкови

Маркетинг