Заостанатиот долг за вода ќе може да се плати на рати до 29 мај

Макфакс

14/05/2018

12:38

771

Големина на фонт

а а а

Акцијата што започна на 2 парил и требаше да трае до 15 мај за плаќање заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните, се продолжува до 29 мај.

Корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки), ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг