Барди откри што сонувал пред мечот за историја со Барселона

Дерби

14/05/2018

11:27

1.798

Големина на фонт

а а а

Леванте по пауза од 54 години успеа да направи нешто што оваа сезона изгледаше незамисливо, односно успеа да ја победи големата Барселона која по 37 одиграни кола оваа сезона и серија од 43 натпревари по ред ако се бројат и оние од минатата сезонa, претрпе пораз на еден меч во домашното првенство.

Тимот од Валенсија направи чудо изминатава вечер и во неверојатно луд натпревар со девет постигнати гола ја победи Барселона со 5:4, голеада во која навистина важна и круцијална улога имаше нашиот Енис Барди кој продолжи да брилјира во дресот на Леванте. Македонскиот репрезентативец најпрво постигна гол со теледиригиран удар за водство од 3:1, а потоа го постигна и голот за 5:1 по една фантастична комбинација и контра, учинок кој го стави во преден план во мечот заедно со Боатенг и Кутињо кои постигнаа по три гола.

Токму Барди беше еден од најинтересните играчи за новинарите по крајот на мечот, а истите добија симпатична изјава од играчот за врска кој има дебитантска сезона од соништата во Леванте.

– Овој тим е многу добар и можеме да му направиме проблем на било кој тим. Ова е навистина многу голема ноќ за нас. На крајот страдавме многу, но Барселона е Барселона, игра на многу високо ниво. Многу сум среќен за победата, одигравме многу добро и со многу самодоверба. Среќен сум и за головите, искрено пред мечот, сонував дека ќе постигнам гол против Барса и дека ќе му помогнам на тимот. Сега, мора да продолжиме да мислиме на наредната сезона и да продолжиме во овој стил, – порачал Барди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг