Импресивно: Рекордите на фудбалерите на Манчестер Сити во Премиер лигата оваа сезона

Точка

14/05/2018

11:06

867

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера во судиското продолжение славеа со 1:0 против Саутемптон и така на најдобар можен начин ја завршија оваа за нив импресивна сезона во Премиер лигата.

Голот на Габриел Хесус во судиското продолжение им ја донесе 32-ра победа на избраниците на Пеп Гвардиола оваа сезона во Премиер лигата бројката од 100 освоени бодови.

Тоа се само два (број на победи и број на освоени бодови) од вкупно седумте рекорди кои што оваа сезона ги постави машинеријата на Пеп Гвардиола.

Сити станаа и рекордери по бројот на постигнати голови (106) и гол разлика (+79), а нивната низа од 18 победи по ред е најдолга во англиската Премиер лига.

Исто така, никогаш претходно не се случило шампионот на вицешампионот да му „побегне“ дури 19 бодови, колку што заостанува Јунајтед зад својот градски ривал. Последниот рекорд се однесува на гостинските победи - избраниците на Пеп Гвардиола дури 16 пати славеле на гостувањата, што е рекорд во Премиер лигата.

После едни вакви бројки, јасно е дека „Граѓаните“ оваа сезона во едно најсилните фудбалски првенства на светот, едноставно немаа конкуренција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг