Стоилковски: Со именувањето на Хоџа за советник ѝ беше нанесен огромен срам на државата

Макфакс

12/05/2018

16:06

1.773

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев молчи за последниот обелоденет скандал со кој се потврди дека и нанесе огромен срам на државата со именувањето на Хоџа на висока функција во Владата, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот од ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Заев продолжува да го потценува народот и лаже дека Хоџа си заминал затоа што си ја сака Македонија. Хоџа можеби си ја сака Македонија, но федерализирана. Заев го знаел ова и пред да го направи политичкиот договор со него и да го именува за свој советник“, рече Стоилковски и потсети дека Хоџа е човек од американската црна листа каде се наоѓа заради радикализам и екстремизам.

Стоилковски додаде дека во одбрана на изборот на Хоџа за советник за безбедност – наспроти јавноста, професорите, опозицијата, меѓународната јавност – застанале Заев, но и министрите за одбрана и за внатрешни работи, Спасовски и Шекеринска, кои се први луѓе на македонските безбедносни структури.

Џезаир Шакири – Хоџа само неколку дена откако беше поставен за советник на премиерот Зоран Заев, вчера се повлече од оваа функција.