Додека американскиот претседател ја брани својата одлука за повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор, портпаролот на иранската влада вели дека Техеран подготвиле план за одговор на напуштањето на САД од договорот.
Трамп на состанокот на кабинетот ја бранеше одлуката САД да се повлечат од договорот, тврдејќи дека секаде каде што Иранците се вмешани има „хаос и смрт“.
Претседателот на САД изјави дека е отворен за преговори за новиот договор со Иран, но порача дека Соединетие Американски Држави или ќе направат договор со Иран кој ќе биде добар за целиот свет, или пак воопшто нема да има никаков договор.
Тој тврди дека договорот со Иран е едностран и дека би довел до проширување на нуклеарното вооружување.
Портпаролот на иранската влада, Мохамад Бакер Нобахт изјави дека иранската Организација за управување и планирање има подготвено пеколен план кој што е во рамките на условите на американското повлекување од нуклеарниот договор.
Тој не наведе детали од тој план на Техеран, но иранската влада веќе одредила распределба на буџетски средства за одговор на различни сценарија во врска со нуклеарниот договор.
Бакер предупреди дека одлуката на Доналд Трамп да ги повлече Соединетите Американски Држави од договорот ќе доведе до загуба на довербата на меѓународната заедница во САД.
„Денес ниту една земја не може да го координира својот план врз основа на довербата дека навистина ќе постигне договор со Америка“, порача Бакер.