Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД ќе бидат губитници поради одлуката да го напуштат нуклеарниот договор со Иран.
Турскиот претседател посочи дека Вашингтон не остана доследен на постигнатиот договор.
„Тоа не е начинот на којшто дејствуваат меѓународните механизми, тие не можат да бидат поништени поради нечија желба“, рече Ердоган.
Вчера Трамп и покрај притисокот од сојузниците, донесе одлука САД да се повлече од нуклеарниот договор кој го постигнаа светските сили со Иран пред три години.