За поранешниот американски претседател Барак Обама одлуката на актуелниот претседател Доналд Трамп да се повлече од иранскиот нуклеарен договор претставува сериозна грешка што ќе го намали кредибилитетот на Америка во светот.
Администрацијата на Обама учествуваше во постигнувањето договорот во 2015 година, со кој на Иран му беа укинати санкциите во замена за спречување на развојот на нуклеарната програма.
Според него, без тој договор САД би можеле на крајот да бидат оставени пред негативен избор меѓу Иран кој е вооружен со нуклеарно оружје и уште една војна на Блискиот Исток.
Договорот со Иран останува модел на она што дипломатијата може да го постигне, вклучително и прашањето за Северна Кореја, оценува Обама.