Одговорот на Иран беше брз: Наредив итно продолжување на збогатувањето на ураниум, Трамп нема да ја добие оваа војна!

Точка

09/05/2018

09:39

5.277

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател Хасан Рухани порача дека Иран останува во нуклеарниот договор, но предупреди дека неговата земја би можела да стави крај на ограничувањето на збогатувањето на ураниумот сега кога САД се повлече од договорот.

Иранскиот претседател непосредно откако Доналд Трамп соопшти дека САД се повлекува од иранскиот нуклеарен договор, се обрати до нацијата и порача дека итно ќе разговара со своите европски колеги.

Хасан Рухани порача дека покрај со лидерите на западноевропските земји, ќе разговара и со Кинезите и Русите со цел да види дали Русите можат да ги гарантираат интересите на Иран, откако САД и официјално се повлече од нуклеарниот договор.


„Сега наместо со шест земји, ние имаме договор со пет“, изјави Хасан Рухани во телевизиското обраќање до нацијата, нагласувајќи дека одлуката за повлекување е незаконска, погрешна и ги обезвреднува меѓународните договори.

„Ѝ наредив на иранската Организација за атомска енергија да ги превземе потребните мерки за во случај на потреба, да продолжиме со индустриското збогатување на ураниум без ограничување. Ќе почекаме неколку седмици за примена на одлуката, а сето тоа ќе биде во зависност од разговорите со другите партнери од договорот“, порача Рухани.


Обвинувајќи го американскиот претседател дека спроведува „психолошка војна“ против Иран, Рухани порача дека „Иран нема да дозволи Трамп да ја добие оваа војна“, нагласувајќи дека „САД секогаш покажувале дека не ги почитуваат своите обврски“.