Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзалната сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните. Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер, a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, граѓаните имаа можност да го слушнат и оштетениот бизнисмен, кој и пред судот опиша како Заев му бара евро за квадратен метар за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери за каков корумпиран човек станува збор.
„Зоран Заев со државата се однесува како да е негов сопствен картел. Ги зароби судството и институциите и за да се спаси себеси, ги користи за да врши политички прогон на неистомислениците. Додека рочиштата на Заев траат со месеци и се одложуваат со нелогични изговори, рочиштата против неговите политички неистомисленици експресно се процесираат. Поради притисоците на власта, правдата не важи за сите еднакво. Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите на картелот на власт и случајот со поткупот да го истераат до крај. Законите мора да важат еднакво за сите, а Република Македонија да стане држава во која владеењето на правото ќе биде единствениот принцип по кој ќе се водат институциите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.