"Вистинскиот лидер инспирира": Учество на Скопскиот маратон посветено на Александар Миновски

Точка

06/05/2018

18:52

9.590

Големина на фонт

а а а

Под мотото "Вистинскиот лидер инспирира", АМСМ со свој тим од 110 вработени учествуваше на овогодинешниот Скопски маратон.

АМСМ своето масовно учество го посвети на својот неодамна трагично починат колега, Александар М., кој покрај тоа што беше љубител на планинарскиот спорт, последните неколку години беше и редовен учесник на Скопскиот маратон. Оваа година токму тој беше инспирација за многу АМСМ вработени да се пробаат во маратонските трки на 5км и на 21км. 

Мобилизирајќи голем дел од вработените, кои своето учество на маратонот, му го посветија токму на него, Аце беше и остана вистински лидер кој инспирира, инспирација која секогаш ќе биде дел од оние кои го познаваа. #трчамеситезаТЕБЕ




Спонзорирани линкови

Маркетинг