Облачен ден со пороен дожд и грмежи

Макфакс

05/05/2018

12:40

524

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од 12 до 29 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и в недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.



Спонзорирани линкови

Маркетинг