Димитров и Коѕијас ги разгледале потешките прашања во преговорите

Макфакс

04/05/2018

16:28

2.124

Големина на фонт

а а а

Важно е да изнајдеме решение што ќе продуцира пријателство, а не фрустрации, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Солун и додаде дека двајцата денеска разговарале за можните комбинации кои едната или другата страна треба да ги прифатат.

„Целта на преговорите е да најдеме решение што ќе го прифатат и двете страни, а истото ќе продуцира пријателство место фрустрации. Доколку се дојде до заемно решение, посредникот на ОН, Метрју Нимиц, ќе изготви извештај со кој ќе го информира СБ на ОН дека двете страни успеале да ја надминат разликата, па тоа правно ќе го затвори процесот на преговарање“, изјави Димитров.

Министерот нагласи дека главни разлики остануваат прашањето за промената на Уставот и за опсегот на употреба. Порача дека треба да се искористи и следната средба за продуктивен разговор.

Средбата меѓу двајцата министри траеше час и половина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг