Денес повторно ви раскажуваме една инстаграм приказна на еден наш инста-јунак кој навистина инспирира со своите дела, а тоа е Александра. Костадиновска Александра живее во Скопје, студира архитектура, но за себе ќе каже дека единсвено фотографијата е она што вистински и искрено ја исполнува. Фотографира веќе осум години, а професионално со фотографија се занимава околу три години.
„Фотографирањето е нешто што си е само мое - од една страна ми е комфорт зона затоа што знам да го правам најдобро, а од друга страна пасош кој секојдневно ме носи до нови предизвици и ми овозможува да се справам со сите стравови. Тоа е причината поради која научив да уживам во сопственото друштво. Со апаратот растам, созревам и се градам себеси. Отсекогаш сум фотографирала само работи кои ме прават среќна и кои не сакам да ги заборавам. Без разлика дали станува збор за луѓе или пејзаж, сакам да пренесам топлина и смиреност. Скопје ретко ми го нуди тоа, додека во Европските градови црпам инспирација на секој чекор.“ - Вели Александра
Deep cut
Емоција која не сте ја почувствувале со години и која сте ја заборавиле комплетно (целата фотосесија со Луција беше сосема случајна и ми значи премногу; долго време чуствував креативна блокада и оваа соработка ме освести).
Redamancy
Целосно возвратена љубов (фотосесијата со Мики и Анастазија ми е сеуште најомилената во текот на овие 2 години додека работам со Реборн; искрените и спонтани моменти ми се многу подраги од оние кога луѓето ми позираат).
Natsukashii
Некои мали работи кои ненадејно и среќно не’ враќаат на минатото, не како тешко копнеење по она што било туку како ценење на добрите времиња.
Resfeber
Немирното чукање на срцето на патникот пред да започне патувањето, кога анксиозноста и исчекувањето се поврзани заедно (стара фотографија но веројатно засекогаш ќе ми биде една од омилените, ни јас не знам зошто).
Zielschmerz
Возбудливот страв од конечно остварување на животниот сон, кој бара од вас да ги ставите своите вистински способности да бидат тестирани на отворената савана (момент од последниот концерт на Funk Shui; овие луѓе ми се премногу драги и сум бескрајно горда на се’ што постигнаа до сега).