Вардар пушти во продажба блок билети за Ф4 турнирот во ЛШ

Дерби

03/05/2018

21:20

1.400

Големина на фонт

а а а

Македонскиот првак Вардар самостојно си обезбеди шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите со елиминацијата на Кил во четвртфиналето, а вчера го дозна и својот противник во полуфиналето на завршниот турнир кој ќе се игра во Келн.

Тимот на Раул Гонзалес за прв противник на Ф4 турнирот го доби француски Монпелје, а во нашиот табор се надеваат на идентично сценарио како и минатата година, односно на голема поддршка од македонските фанови кои ќе одлучат да им се придружат во Келн.

Вардар минатата година имаше навистина пристојна поддршка во Германија, а сега клубот им обезбеди на фановите блок билети за сите натпревари на завршниот турнир.

– За вториот настап на Вардар на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, клубот обезбеди контингет на блок билети за македонските навивачи. Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Нант – ПСЖ (15,15 часот) и Вардар – Монпелје (18 часот). Билетите за Ф4 турнирот се пуштени во продажба, а продажбата на блок билетите ќе се врши исклучиво онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70. Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови. Цената на блок билетите чини 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден), – гласи соопштението на Вардар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг