Луѓето кои што веруваат дека Земјата е рамна плоча објаснија зошто не можеме да паднеме од рабовите...

Точка

03/05/2018

17:36

6.591

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 200 луѓе кои што веруваат дека Земјата е рамна плоча се собраа на тридневната конвенција во Англија на која што "објаснија" зошто луѓето не може да паднат од Земјата кога ќе дојдат на рабовите.

„Разговаравме слободно, без предрасуди и после мудрите дискусии дојдовме до одредени заклучоци“, стои во соопштението на Англиското здружение на луѓе кои што веруваат дека Земјата е рамна плоча.

Овие луѓе на конвенцијата „одговорија“ на прашањето кое што досега привлекуваше најмногу внимание и ја откриваше бесмисленоста на таа теорија. Имено, ако Земјата е навистина рамна плоча, тогаш кога човекот би дошол до самиот раб, тогаш би било логично да падне во вселената.


Секако, "објаснувањето" е уште побесмислено од самата теорија, а тоа гласи: „Човекот не може да падне од рабовите на Земјата, затоа што кога ќе дојде до самиот раб, автоматски ќе се појави на другата страна од планетаа“, а „упориште“ на таквата теорија е популарната игра Pac-Man кој што токму на тој начин се движи по екранот.

Можеби на нормалниот свет ова му звучи неверојатно, но според овие луѓе, тоа е чиста вистина. Следната конвенција е закажана за 15-ти ноември во Денвер, САД, а ние со нетрпение ги очекуваме новите "научни факти".



Спонзорирани линкови

Маркетинг