Јуп е голем и во поразите: Нема да се жалам за раката на Марсело, Реал нека му биде благодарен на еден човек!

Дерби

02/05/2018

19:37

2.382

Големина на фонт

а а а

Јуп Хајнкес во највата за второто полуфинале со Реал Мадрид испрати искрена порака со надеж дека големата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде решена од играчите, а не од судиите, а во ситуација кога целокупната светска јавност алудира на тоа дека Баерн вчера беше оштетен за два чисти пенали, искусниот стратег ја покажа својата големина и во поразите.

Тренерот на Баерн Минхен одби да ја коментира чистата рака на Марсело по која Баерн требаше да добие пенал при резултат 1:1, а им порача на „кралевите“ дека единствено треба да му бидат благодарни на Кејлор Навас за пласманот во големото финале во Киев.

– Кога го гледам моментот повторно, гледам дека е чист пенал. Но, не сум тука дојде за да се жалам и да барам изговори. Му подаривме на Реал голови и промашивме толку многу шанси, што едноставно не може да се жалиме за судиите. Ако се гледаат реално двата натпревари, ние и на двата бевме подобар тим. Навистина големо е разочарувањето за елиминацијата, покажавме што е фудбал на интернационално ниво, истото важи и за Реал. Но, тие треба да му бидат благодарни на еден човек. Тоа е Кејлор Навас, тој ги спаси. Беше спектакуларен и имаше спектакуларни паради, – истакна Јуп за кого ова и дефинитивно беше последен натпревар во Европа како тренер на Баерн.

– Мојот последен натпревар во Европа беше во 2013 година во финалето со Дортмунд. Никогаш не сакав да се вратам, а овојпат тоа е дефинитивно. Никогаш повеќе нема да се вратам на клупата. Нема многу луѓе кои се впуштаат во вакви авантури на 72 години. Си заминувам разочаран бидејќи во овие девет месеци креиравме нешто спектакуларно, а на крајот не ја добивме премијата која ја заслуживме, – заврши Германецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг