Надал: Пред три седмици губев од децата во академијата…

Дерби

30/04/2024

11:27

4.877

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал пронајде сили да одигра три часа на еден тениски меч и ги израдува тениските фанови во Мадрид, бидејќи вчера го совлада Педро Качин по голема битка во три сета.

Шпанскиот тенисер прикажува голем напредок во споредба на игрите во Барселона и се уште е во процес на акумулирање доволно минути на теренот, но споребено со тоа како изгледал пред само три седмици, Рафа е презадоволен од тоа како се развиваат работите во овој момент.

– Пред три седмици бев во Мајорка и не можев да сервирам како што треба. Секој ден губев од децата кои се во мојата академија и тоа е вистината која треба да се знае.

– Бележам напредок, но треба да ги вратам работите кои си доаѓаат по автоматизам со тениската игра. Треба да ја вратам брзината, движењето, а во тоа ќе успеам само ако напредувам и добијам уште еден меч повеќе за игра.

– Победите ја креваат самодовербата, сега останува да видиме како ќе одговорам во ситуација кога ќе играм два дена во низа. Се надевам дека ќе бидам физички добар, во овој момент не чувствувам дека му нанесов било каква штета на моето тело, – изјави Надал, кој денеска во вечерниот термин ќе игра осминафинале против Лехечка во Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг