Вардар против најпријатното изненадување во полуфиналето на Ф4 во Келн

Дерби

02/05/2018

13:51

1.868

Големина на фонт

а а а

Вардар однапред знаеше дека ќе игра против франнцуски тим во полуфиналето во Лигата на шампионите, но ова попладне дозна дека прва пречка на фајнал-форот во Келн ќе биде тимот на Монпеље, францускиот состав кој дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во најелитното натпреварување.

Монпеље стигна до завршниот турнир откако натпреварувањето го започна од групите со послаб рејтинг, а дека станува збор за тим кој навистина треба да се респектира најдобар доказ се резулатите кои ги остварија со Флензбург и Барселона, тимови кои ги елиминираа на својот пат до завршниот турнир.

Во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат ПСЖ и Нант на нашиот Кире Лазаров, а засега се уште не се утрдени термините во кои ќе се играат двете полуфинални пресметки. Фајнал-фор турнирот во Келн се игра викендот 26 и 27 мај, а полуфиналните термини се од 15:15 часот и 18:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг