Злонамерното влијание во Македонија доаѓа од САД, НАТО и од ЕУ, а не од Русија, порача Единствена Македонија

Макфакс

02/05/2018

13:28

1.016

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија реагира на изјавата на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис, кој, по средбата со Радмила Шекеринска во Вашингтон, изјави дека мора да ѝ аплаудира на Македонија за отпорот кон руското злонамерно влијание на Балканот и во Македонија.

„Единствена Македонија со жалење констатира дека американскиот секретар Матис ги измешал работите бидејќи аплаудира на погрешна адреса земајќи предвид дека злонамерното влијание во Македонија доаѓа од САД, НАТО и од ЕУ, а не од Русија. Русија не ги доведува во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија.

САД, НАТО и ЕУ се залагаат за територијално редефинирање на Македонија, рекомпонирање на политичкиот систем, промена на името и идентитетот на македонскиот народ, а американскиот претседател Трамп на отворена сцена изјави дека нема членство на Македонија во НАТО доколку не се промени вековното македонско име.

Оттука, оставаме на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно влијание во Македонија – САД, НАТО и ЕУ или Русија“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг