Рамос жестоко им одговори на играчите на Баерн: Погледнете во архивата…

Дерби

30/04/2018

19:20

2.951

Големина на фонт

а а а

Играчите на Баерн Минхен чесно го прифатија поразот од Реал Мадрид во првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите, но добар дел од нив посочија и дека голема заслуга за тоа имаат самите тие со промашувањата кои ги изрежираа на „Алијанц арена“.

Томас Милер порача дека Реал Мадрид е исклучително ранлив и дека Баерн ќе има свои шанси и на „Сантијаго Бернабеу“, додека Никлас Суле беше доста подиректен и порача дека никогаш не видел послаб Реал на гостувањата во Минхен. Овие изјави секако допреа и до играчите на европскиот шампион, а денеска Серхио Рамос како капитен одлучи да им одговори на играчите на Баерн пред утрешниот реванш во шпанската престолнина.

– Ние имаме максимален респект за сите. Коментарите кои ги даваат не прават никаква разлика. Ние тоа што имаме да го кажеме, го кажуваме на теренот, ние сакаме да зборуваме на теренот. Историјата на Реал е тука, кој се сомнева, нека ги прегледа архивите. Реал Мадрид секогаш имал позитивен скор во директните пресметки со Баерн. Не се задоволуваме со тоа што го остваривме во Минхен, сакаме да победиме и така да се пласираме во финалето, – истакна капитенот на Реал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг