Ждрепката за Ф4 Келн: Вардар оваа среда ќе го дознае противникот за полуфиналето на Лигата на шампиони

Дерби

30/04/2018

16:29

660

Големина на фонт

а а а

И тоа што се немаше случено до сега, се случи. Три француски екипи за првпат во историјата ќе играат на завршницата на Ф4 турнирот на Лигата на шампиони ќе се борат за европската шампионска титула.

Тоа се клубовите ПСЖ, Нант и Монпеље кои покрај единствениот нефранцуски клуб Вардар ќе се борат за освојување на еворпскиот трон.

Ждрепката за полуфиналните двојки на Ф4 турнирот е предвидено да се одржи на 2 мај во Келн со почеток во 12 часот. Сите четири клуба ќе бидат во еден барабан и полуфиналните двојки ќе се влечат по случаен избор.

Датумите и саатниците се знаат и се предвидени да се одржат полуфинале на 26 мај, додека финалето на 27 мај, а тајмингот е од 15.15 часот и 18 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг