Единствена Македонија: Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители

Макфакс

30/04/2018

13:23

1.131

Големина на фонт

а а а

Од Единствена Македонија го обвинија премиерот Зоран Заев, дека вршел масовно испитување на случаите за кои биле заинтересирани, како што велат, неговите миленици Албанци.

Според нив се работи за случаите Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот, а со политички одлуки на СДСМ и ДУИ, масовно се ослободувале инволвираните Албанци во овие случаи.

„Единствена Македонија по повод најновата годишнина од крвавиот масакр кај Вејце го повикува Зоран Заев да ги испита случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Единствена Македонија е свесна за стравот кај Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители, земајќи предвид дека убијците на бранителите седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ. За Единствена Македонија нема дилема.

Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја од страна на колегите на Заев од ДУИ, мора да се расчистат.

Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни докуметни во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА, а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг