Гонзалес: Не е важно против кого ќе играме во полуфиналето

Точка

30/04/2018

10:04

1.484

Големина на фонт

а а а

Европските шампиони вчера загубија од Кил, но сепак сосема заслужено се пласираа на завршниот фајнал фор турнир во Келн.

Избраниците на Раул Гонзалес наскоро ќе го дознаат името на противникот во полуфиналето на фајнал фор турнирот во Келн, а според „Ел Команданте“, воопшто не е важно против кого црвено-црните ќе се борат за пласман во големото финале.

„Кога сакаш да играш, не е важно кој ќе биде твојот противник, едноставно се надигруваш со него. Познато е дека Вардар во Келн патува како актуелен европски шампион. Ние нема да бидеме потценети од никого, а сега ќе почекаме најпрвин да го дознаеме противникот на ждрепката“, изјави Раул Гонзалес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг