Дибиров: Ние сме шампиони и треба да ја браниме титулата во Келн

Точка

30/04/2018

09:08

978

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар синоќа во „Јане Сандански“ беа поразени од Кил со 29:28, но сепак актуелните европски шампиони поради повеќе голови постигнати на гости се пласираа на завршниот турнир во Келн.

„Игравме под притисок, но со големата поддршка од трибините успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Кил играше одлично, горд сум на моите играчи и поради тоа што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4-турнирот во Келн. Ќе одмориме малку, а потоа ќе можеме да се подготвуваме за она што ни претстои во Келн. Вардар е шампион и треба да ја брани титулата во Келн. Сепак, мораме да бидеме добро подготвени. Имаме два меча во Келн и мораме да мислиме исклучиво на она што не очекува на теренот“, изјави Дибиров и додаде:

„Задоволни сме што одиме втора година по ред на Ф4 турнирот. Знаевме дека ќе биде тешко на овој натпревар. Кил е одлична екипа со голема историја. Бевме свесни дека до последната минута ќе биде тешко. Имавме среќа, а таа ги следи храбрите. Цела сезона работевме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир“, додаде Дибиров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг