Бруталната изјава на Кан остави трага: И Хајнкес го прозва Левандовски

Дерби

28/04/2018

17:26

3.729

Големина на фонт

а а а

Оливер Кан беше исклучително критички настроен по поразот на Баерн Минхен од Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите, а особено на „пик“ го фати полскиот напаѓач Роберт Левандовски кого брутално го нападна за неговото издание, но и за неговите игри на големите натпревари.

Легендарниот голман на Баерн Минхен истакна дека Левандовски едноставно не игра како голем играч на големите натпревари, а жестоката критика беше тема на разговор и на пресот кој го одржа Јуп Хајнкес во пресрет на денешниот меч со Ајнтрахт Франкфурт.

Тренерот на Баерн обично секогаш дава пофални зборови за Роберт, но овојпат го прозва и му порача дека ќе мора да ги неутрализира критиките и да одговори на теренот со маестрална партија на реваншот во Мадрид.

– Разговарав многу долго со Роберт на оваа тема и му кажав дека очекувам да одговори на теренот наредниот вторник. Кога еден играч е критикуван, а ако смета дека има голема перспектива, треба да знае како да се носи со тоа и да одговори онаму каде што треба, – порачува Јуп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг