Единствена Македонија: Заев знае за вооружени Албанци во државата, но не презема ништо

Макфакс

28/04/2018

13:23

850

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев вчера ја шокираше јавноста со изјавата дека за време на немилите настани во Собранието на 27 април, лани, по мобилен телефон добивал информации дека од „Бит Пазар“ се тргнати вооружени Албанци кон Собранието да ги бранат пратениците на ДУИ и Зијадин Села, стои во денешното соопштение на политичката партија Единствена Македонија.

Оттаму истакнуваат дека за нив како партија и за македонскиот народ е крајно опасно што премиерот не го применува правото и не презема ништо за да ги разоружа нелегално вооружените Албанци во земјата.

„Ако за така краток рок постоела вооружена албанска група која се мобилизирала да го нападне Собранието лани на 27 април, а притоа Заев тоа го знае и цела една година ништо не презема, се поставува прашањето дали Зоран Заев ги сместува сите албански партии во владата во обидот за конечна пресметка со македонскиот народ, а нелегалното оружје на вооружените албанци ќе послужи за таа цел“, јавно прашуваат од Единствена Македонија.

Политичката партија во соопштението го предупредува премиерот да не влегува во опасна авнтура против македонскиот народ, оти, како што велат, многу бргу Македонија ќе биде ослободена од окупаторската марионетска власт во државата, заедно со нејзините странски газди.

„Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се наведува во партиското соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг