Најголемата легенда на Баерн: Се плашам дека имаме комплекс од Реал, никогаш не било полесно да ги победиме!

Дерби

27/04/2018

21:09

1.884

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ќе може да ги искористи овие неколку дена за да направи анализа за големите промашувања кои ги имаше на првиот меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, поради кои се стави во навистина многу тешка ситуација пред реваншот кој наредната недела ќе се одигра во шпанската престолнина.

Тимот на Јуп Хајнкес загуби со 1:2 во натпревар во кој имаше четири или пет изгледни шанси да постигне неколку гола, а сето тоа знаеше како да го искористи европскиот шампион кој мина како казнена експедиција на „Алијанц арена“.

Сето ова предизвика многу реакции во германската спортска јавност, а ако веќе видовме како Оливер Кан имаше брутална замерка за Роберт Левандовски, сега пристигна уште една жестока и доста искрена изјава од живата легенда на Баварците, Франц Бекенбауер.

Популарниот „Кајзер“ кој инаку е и почесен претседател на клубот во кратка изјава за „Билд“ го искоментира она што го виде во Минхен пред два дена, јасно заклучувајќи дека Реал Мадрид полека се претвора за Баерн во табу тема.

– Се плашам дека имаме комплекс од Реал Мадрид. Никогаш не било полесно да ги победиме од средата. Пропуштивме огромна шанса, тие беа далеку од извонредни, а на крајот не победија, – кратко и јасно порачува Бекенбауер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг