Конечно добра вест за Баерн во пресрет на реваншот во Мадрид

Точка

27/04/2018

11:07

1.041

Големина на фонт

а а а

Баварците на реванш натпреварот во Мадрид патуваат без повредениот Жером Боатенг и со заостаток од еден гол.

Шампионот на Германија загуби на домашен терен со 1:2 од Реал Мадрид на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, а дополнително се искомплицираа работите за Баварците поради неколкуте повредени фудбалери.

Сепак, добра вест за Јуп Хајнкес е тоа што во тимот за реваншот се враќа досега повредениот Давид Алаба кој што го пропушти првиот натпревар на „Алијанц“ арената во Минхен.

Како и да е, ако е утеха тоа што Алаба најверојатно ќе игра, сепак голем хендикеп за Баерн Минхен ќе биде отсуството на Мануел Нојер, Артуро Видал и Жером Боатенг, додека пак неизвесен е настапот на Кингсли Коман и Арјен Робен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг