„Болница“ во Минхен: Баерн обелодени какви се шансите Боатенг, Робен и Мартинез да настапат во Мадрид

Дерби

26/04/2018

19:50

1.245

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ова утро експресно направи детални анализи врз тројцата фудбалери кои вчера беа заменети поради повреда на вчерашниот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а мора да се напомене дека сите три извештаи се комплетно различни и предизвикуваат измешани емоции меѓу фановите на клубот.

Најтешката повреда ја заработил Жером Боатенг за кого Баерн вели дека има потешка повреда на бутниот мускул поради која ќе мора да одмора во период од четири до шест недели, статус кој секако нема да го израдува Јуп Хајнкес кој ќе мора да прави претумбации во одбраната за вториот дуел во полуфиналето.

Во соопштението на Баварците се открива дека повреда на бутниот мускул има и Арјен Робен, со тоа што неговиот проблем е далеку помал и понесериозен, што во превод значи дека Холанѓанецот ќе биде во трка со времето за настап против поранешниот тим на „Сантијаго Бернабеу“.

Најдобра е информацијата која Баерн ја сподели за Хави Мартинез, фудбалер кој има контузија на главата по ударот со Варан, поради што ќе се пристапи на метод да одмори од тренинзите во наредните неколку дена. Германскиот шампион тврди дека неговото присуство на гостувањето во шпанската престолнина не е доведено во прашање и дека со сигурност ќе му биде на располагање на тренерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг