Либерман: Ако Иран го нападне Тел Авив, Израел ќе го нападне Техеран

Точка

26/04/2018

20:07

5.479

Големина на фонт

а а а

Нетрпеливоста меѓу Израел и Иран трае веќе десетина години, а причини има повеќе, наведува "Reuters".


Израел ќе возврати со одмазда - ако Иран го нападне Тел Авив, Израел ќе удри на Техеран, рекол израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман. 

"Израел не сака војна, но ако Иран го нападне Тел Авив, ние ќе го погодиме Техеран", рекол Либерман, пренесува "Reuters".

Нетрпеливоста меѓу Израел и Иран трае десетина години, а причини за тоа има повеќе, наведува агенцијата.

Воено присуство на Иран во Сирија

Меѓу другото, Израел се противи на военото присуство на Иран во Сирија, и го обвинува Техеран дека му помага на либански Хезболах и палестински Хамас.

Израел, исто така, настојува да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Иран, од друга страна, не го признава Израел и често се заканува со напади на Тел Авив.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, неодамна остро го предупредил Иран дека ќе му наплати на секој што ќе се обиде да го повреди неговиот народ.

Шефот на Владата на Израел рекол и дека Израел нема да биде заплашен од цената и дека ќе наплати на секого, и дека израелската војска е подготвена за својата мисија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг