Што открива големата блискост помеѓу Доналд Трамп и Емануел Макрон? Според експертите, потегот на Трамп бил крајно понижувачки

Точка

26/04/2018

15:51

5.885

Големина на фонт

а а а

Непосредно пред фотографирањето во Овалната соба во Белата куќа, Доналд Трамп изјави дека односот со Макрон е посебен, па му го исчисти првутот од оделото и рече - „мора да биде совршен“.

Тридневната државна посета на Емануел Макрон на САД беше одбележана од прегрнувања и моменти кои што беа прилично непријатни, посебно кога станува збор за говорот на телото на двајцата претседатели.

Емануел Макрон овој пат во повеќе наврати ги искажа своите чувства кон претседателот Трамп, имаше неколку прегрнувања и чудни поздравувања, а "The Washington Post" пишува дека Доналд Трамп енергично го одвел Макрон во Овалната соба, со коментар дека двајцата потсетуваат на татко и син.

Сепак, според експертите, сцените биле понижувачки за Макрон. Во вторникот, непоседно пред фотографирањето во Белата куќа, американскиот претседател изјави: „Нашиот однос е многу посебен, еве, ќе му го исчистам првутот од оделото“, и потоа со раката го исчисти првутот од изненадениот Французин, притоа смеејќи се.

„За време на оваа посета, Трамп беше мажот кој што доминира, а Макрон очигледно му го дозволи тоа“, пишува "The Washington Post".

Според „Њујорк Тајмс“ и „Шпигел“, Макрон таквото „пријателство“ го користи плански за да успее од Трамп да добие некакви одстапки, но притоа очигледно не го постигнува посакуваниот успех.

„Францускиот претседател овој однос го користи за да се претстави како европски лидер и да ја врати Франција во центарот на меѓународната сцена. Но, не изгледа дека таквото однесување влијае на Трамп“, пишува германски „Шпигел“.

Ниту францускиот експерт за Северна Америка, Томас Снегароф не мисли така: „Веќе два дена во медиумите го фалат талентираниот Макрон кој што проценил дека на Трамп треба непрекинато да му ласка за да ја постигне својата цел. Сепак, се чини дека се случи сосема спротивното“, напиша Снегароф на „Твитер“.


И професорот Корентин Селин кој што го анализираше говорот на телото и однесувањето на двајцата претседатели, забележал дека има едно непредвидливо однесување на Трамп кон Макрон, а тоа дека американскиот претседател се обидува да се прикаже како „алфа маж“ најдобро докажува моментот кога Трамп го повлече за рака Макрон и буквално го поведе со себе.

Сепак, Селин вели дека не треба да се избрува со заклучоците: „Единственото мерило на успехот ќе биде одлуката за Иран која што ќе биде донесена на 12-ти мај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг