Не е само одличниот гол: Марсело со вонсериски прием стана хит на социјалните мрежи

Дерби

26/04/2018

12:52

1.692

Големина на фонт

а а а

Марсело одигра важна улога во вчерашната голема победа која ја оствари Реал Мадрид на гостувањето во Минхен, од едноставна причина што беше човекот кој всушност го навести враќањето на „кралевите“ пред крајот на првиот дел.

Левиот бек на Реал уште еднаш покажа дека може да биде многу важен и во офанзивните задачи постигнувајќи одличен гол за 1:1, а во второто полувреме изведе и еден потег кој сега стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Марсело ја употреби својата бразилска магија и изрежира нестварен прием кој помалку изгледаше и збунувачки со оглед на тоа што направи и кратка пауза во место.

##https://twitter.com/ChaosSoccerGear/status/989320373668929536##



Спонзорирани линкови

Маркетинг