Кан без влакна на јазикот го нападна Левандовски: Тој добива статус каков што не заслужува!

Дерби

26/04/2018

12:22

1.621

Големина на фонт

а а а

Оливер Кан имаше препорака до Хајнкес и играчите на Баерн за тоа како можат да се носат со Реал Мадрид, па дури и да го нокаутираат на „Алијанц арена“, а иако германскиот шампион во најголем дел имаше иницијатива во вчерашното полуфинале, избраниците на Јуп не го направија она што нагласи легендарниот чувар на мрежата, односно не го „удавија“ шпанскиот великан со притисокот на нивната половина.

Баерн не ги искористи своите голем број на шанси и постигна само еден гол, но затоа од друга страна пак, Реал Мадрид беше како казнена експедиција и даде два гола со кои сега е исклучително блиску до ново големо финале во Лигата на шампионите

Еден од оние кои добиваат најмогу критики во Германија за вчерашното издание е и Роберт Левандовски, најдобриот голгетер на Баерн кој сега доби и доста брутална негативна забелешка од страна на легендарниот Кан.

– На вакви важни натпревари, го гледам Левандовски премногу малку. Тој го има статусот од јавноста кој сака да го има, но на вакви важни средби не го заслужува истиот, – без влакна на јазикот истакна Кан за „ЗДФ“, јасно алудирајќи на тоа дека Полјакот се крие на најважните натпревари.

– Што се однесува до Реал, тие уште еднаш покажаа колку се ладнокрвни и брутални кога напаѓаат, тоа е неверојатно. По грешката на Рафиња, Реал го покажа своето првокласно ниво, – заклучи Германецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг