Алармантно предупредување на американските разузнавачи: Се собира оружје во Сирија, се подготвуваат нови напади, еве кој е на мета

Точка

26/04/2018

10:07

7.182

Големина на фонт

а а а

Американската разузнавачка служба внимателно ги следи товарните летови од Иран во Сирија со кои, како што се претпоставува, се пренесуваат вооружени системи за претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Неименуван американски службеник за "CNN" рекол дека имало повеќе такви летови и дека Америка и Израел се сомневаат дека во Сирија е однесено оружје кое би можело да се користи против Израел. Претходните ирански транспорти на оружје во Сирија не биле неовообичаени, но овие летови го привлекле вниманието на американската разузнавачка служба бидејќи уследиле по неодамнешните ракетни напади на САД, Велика Британија и Франција на Сирија. 

Во меѓувреме ескалирала и реториката меѓу Иран и Израел поради иранското присуство на подрачјата на Сирија од каде може да се извршат ракетни или воздушни напади на Израел.

На почетокот на оваа недела на веб страните кои го следат глобалниот воздушен сообраќај, забележани се најмалку два лета на сириски товарни авиони "IL-76" меѓу Иран и Сирија, а вниманието на американските разузнавачи го привлекле и други летови на тоа подрачје, меѓу кои и еден ирански товарен авион.

Израелската војска на почетокот на април погодила неколку цели во Сирија, вклучувајќи ја воздушната база "T4" во Хомс, каде се сместени ирански противвоздушни ракети и беспилотни летала. Израел и претходно напаѓал положби во Сирија, посебно во февруари кога биле погодени 12 цели, меѓу кои четири биле опишани како ирански положби. Тие напади се случиле откако сириските сили собориле еден израелски "F-16", кој, според некои извори, всушност бил соборен од ирански дрон.

Американската разузнавачка служба оценила дека израелските авиони би можеле да бидат погодени од противвоздушни ракети, па постојат оправдани сомнежи во летовите на товарните авиони од Иран е пренесено дополнително такво оружје, пишува "CNN".

Еден висок ирански безбедносен службеник изјавил дека Иран ќе го казни Израел за неодамнешните напади на базата Т4 во Хомс. Али Шамкани, секретар на иранското Врховно собрание за национална безбедност и поранешен министер за одбрана, изјавил дека Израел уште не сфатил дека минало времето на таканаречените "Hit and Run" воени операции и дека Израел ќе ја плати цената за таквите глупости.

"Кога некој режим смета дека има право да цели на сили кои се борат против терористи и тоа во акција изведена со намерна повреда на воздушниот простор на друга земја, тогаш истиот мора да биде свесен за последиците кои одат со тоа", рекол Шамкани. Додал дека агресорот сигурно ќе биде казнет, но дека времето, местото и начинот на тој одговор ќе зависи од желбите на Иран.

Руското Министерство за одбрана соопштило дека на почетокот на месецот два израелски авиони "F-15" лансирале осум проектили од либанскиот воздушен простор, насочени на базата Т4. Во тој напад, тврдат Русите, биле убиени неколку ирански воени советници. Израелските власти не одговориле на тие тврдења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг