Милер: Резултатот можеше да биде многу поинаков...

Точка

26/04/2018

10:05

829

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа пред своите навивачи на „Алијанц“ арената беа поразени од актуелниот европски шампион Реал Мадрид со 1:2.

Баерн Минхен одигра одличен натпревар, но сепак неколкуте одлични шанси кои што ги промашија Баварците беа казнети од страна на гостите од Мадрид кои што остварија важна победа во пресрет на реваншот кој што идната седмица ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

„Бевме многу наивни. Имавме многу шанси, но потоа резултатот беше 1:1, а после паузата Реал дури и поведе со 1:2“, изјави Томас Милер и додаде:

„Резултатот можеше да биде многу поинаков. Сепак, минатата година сфативме дека возможно е да се игра и во Мадрид каде што успеавме да се вратиме после негатива од 2:1“, изјави Томас Милер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг